Blackberry Storm

Blackbarry Storm е прилично впечатлив телефон кој во себе содржи забава како iPhone и BlackBerry памет. Тоа што привлекува внимание е иновацијата во работењето со екранот на допир за кој ќе ви биде потребно некое време да се навикнете, но верувајте, кога ќе се навикнете ќе ви биде најдоброто нешто после класичната тастатура. Целиот екран претставува како едно големо копче. За селекција, на некоја апликација се допира еднаш на екранот, а за извршување на истата се притиска на него, како копче.

Blackberry Storm

Телефонот има одличен екран од 8cm, камера од 3.2MP, најдобра email поддршка, A-GPS, 3G, комплетен Office пакет, што значи претставува озбилен конкурент на iPhone. Спор е во отварањето на страни, нема wi-fi, но и покрај тоа Apple има озбилен ривал.