Концерт на Madonna во Будва

МадонаКонцертот на поп пејачката Madonna дефинитивно ќе се одржи на 25 септември на плажата Јаз во Будва, потврди директорот на продуцентската куќа "Комуна", Макс Чатовиќ.
Како што откриваат организаторите, влезниците за спектаклот ќе чинат 35, 75 и 200 евра, а продажба на билетите почнува на 11 јули кога ќе бидат пуштени 66.000 влезници.
Иако веќе одредено време се шпекулира дека светската ѕвезда ќе добие хонорар од 5 до 7 милиони долари за 90 минутното шоу, организаторите одбиваат да го откријат хонорарот за настапот на Madonna.
Според протоколот, предвидено е таа со сопругот Гај Ричи и нивните три деца во Будва да останат најмалку три дена. Претходно, на плажата Јаз треба да допатува нејзиниот продуцентски тим и екипа од двеста луѓе кои ќе ја постават сцената.