Што сакаат мажите кај жените

Што сакаат мажите кај женитеЧесто се вели дека ниеден маж неможе да разбере што жените навистина сакаат. Но и да се открие што мажите сакаат кај жените воопшто не е лесно. Додека секој маж сака различни работи, има некои стандардни работи кои сите мажи ги сакаат кај жените. Па што е тоа што ги прави жените посакувани?

Добар изглед

Добро, да не бидеме лицемерни за тоа што сакаат мажите кај жените. Деведесет проценти од луѓето велат дека жената треба да биде убава за да им го привлече вниманието. Ова не покажува дека мажите се плитки или нешто слично. Но да, жената треба да изгледа пристојно однадвор за да мажите се заинтересираат и да дознаат што има одвнатре.

Интелигенција

Жена која знае што сака и е интелигентна е голем плус кај мажите. Но не сите мажи ги привлекуваат интелигентни жени. Всушност „убавина со мозок“ е доста привлечно за мажите. Спротивно од она што многу луѓе мислат, мажите не бараат само жена со која ќе можат да разговарат во спалната соба туку жена со која ќе можат да разговарат за нешто сериозно и надвор од неа.

Некоја која ќе направи да се почувствуваат барани

Мажите сакат жени кои не се наметливи и можат да бидат независни, но тие исто сакат да бидат барани. Жена која постојано одбива помош од маж само за да покаже дека може да се снајде сама не е многу атрактивно кај мажите. Да, гордоста е карактеристика која е привлечна, но мажите сакаат жени кои не се премногу горди и бараат помош кога им е потребна.

Останатите работи кои мажите ги сакаат кај жените вклучуваат разбирање, некој кој им дава простор, доверба, искреност и сочувство.

Се надеваме дека оваа информација за она што мажите сакаат кај жените ќе ви помогнат да станете повеќе посакувана меѓу мажите.