Запомни ме

Регистрирај се

Со YouTube до дете

Статија од IT.com.mk

Со YouTube до детеБританецот Марк Стивенс со помош на видео од YouTube ја породил својата сопруга Џо во својот дом. Бидејќи морал да реагира брзо г-дин. Стивенс искуцал на Google „како да породам дете“ по штo погледал неколку клипчиња на YouTube. Откако му се родил синот Габриел, ја однел сопругата и детето во болница да проверат дали сé е во ред.

Приказнава е чуднa, малку бизарна, меѓутоа го покажува влијанието на интернетот денес. Тим Бернерс-Ли, основачот на WWW мрежата, во контекст за онлајн приватноста, зборуваше дека луѓето го користат интернетот во кризни моменти. А породувањето е доста кризен момент, посебно ако бабицата ти откажала во последен момент, како што им се случи на британскиот пар кои планирале своето четврто дете да го породат во својот дом.

Претходното искуство со YouTube на Марк Стивенс, вработен како инжинер во британската војска, било да учи oд видео клиповите како да свири гитара и како да ја реши Рубиковата коцка. Најверојатно со такво позитивно искуство дека интернетот т.е YouTube изобилува со информациии и знаејќи како да ги најде тие информации, 28 годишниот Стивенс го нашол видеото кое му требало.

„Поминав половина час на Google и гледав неколку видеа на YouTube. Едно од нив беше евтино видео 'како да породите'. Не обрнав многу внимание на деталите додека таа [жената од видеото] зборуваше. Траеше само неколку минути. Се сеќавам дека мислев ова е корисно“ изјави г-дин. Стивенс за telegraph.co.uk

Светот се менува и дигиталните сервиси стануваат корисен извор за информации и знаење. YouTube е дефинитивно една од тие вредни сервиси, можете да најдете и универзитетски предавања, меѓутоа мислам дека породување со помош на YouTube е премногу. Да, можно е, ама дефинитивно не е препорачливо. Сé си има граница, дури и интернетот.

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
Нема коментари.