Mariah Carey со нозе од милијарда долари

Mariah CareyПејачката Mariah Carrey, која важи за една од ѕвездите со најмоќен глас во светот, ги осигура нозете на милијарда долари.
Џонатан Томас, кој работи во осигурителната компанија „Лојд“ ги процени нозете на Кери на неверојатни милијарда долари, што е засега најскап проценет дел од нечие тело.
"Никогаш не може со сигурност да се утврди дали цената која познатите ја сакаат за своите раце, нозе или усни е навистина толку висока" - рече Џонатан.
Тој потсети дека телото на фудбалерот Дејвид Бекам е проценето на 200 милиони долари. Манекенката Хајди Клум исто така скапо ги осигура своите нозе, како и уште многу други ѕвезди од шоу бизнисот.
Според светските медиуми, славните понекогаш претеруваат во осигурувањето на делови од телото. Актерката Америка Ферера од серијата „Грдата Бети“ ја осигура својата насмевка на четири милиони долари.