5 начини како да го добиете момчето што го сакате

5 начини како да го добиете момчето што го сакатеОва се пет едноставни начини на кои можете скоро секого да наведете да се вљуби во вас. Секако овие техники нема никого да натерат да се вљуби во вас против негова волја, но можат да помогнат „да го разгорат огнот“ и да го забрзаат тој процес.
 

1. Дружете се многу... а потоа исчезнете

Колку повеќе комуницирате со некого, толку повеќе ќе му се допаднете. Поради тоа заборавете на недостапноста на самиот почеток. Дружете се што е можно повеќе и што почесто, најдете повеќе причини да поминете повеќе време заедно. Е, сега обрнете внимание, бидејќи во овој дел се крие најважната работа. Токму кога ќе го уверите дека ве освоил, почнете да се однесувате помалку достапно, потоа уште помалку, па уште помалку, се додека не направите едвај да го видувате. Луѓето секогаш сакаат да го имаат она што не можат да го имаат и поради тоа кога ќе почувствува дека ве губи, ќе загризе уште повеќе. Тогаш ќе сфати колку всушност сте вредни.

2. Немојте да правите убави работи за него, тој нека ги прави за вас

Ако направите нешто убаво за некого, поради тоа ќе се чувствувате добро во два погледа. Ќе бидете задоволни самите со себе и ќе почувствувате задоволство поради тоа што некого сте усреќиле. Кога некој ќе направи нешто убаво за нас ние сме задоволни, но тука доаѓа до многу други пропратни емоции, а не се сите добри. Понекогаш тоа ни предизвикува притисок дека таа личност е подобра од нас, а да не споменуваме на помислата дека мора нешто да дадеме за возврат.

3. Гледајте го во очи

Во нормален разговор луѓето се гледаат во очи 30 до 60 проценти од времето. Од друга страна вљубените гледаат еден во друг многу повеќе. Речиси цело време. Значи, ако некого гледате во очи 75% од вашиот разговор, ќе го излажете неговиот мозок. Мозокот знае дека последен пат кога некој толку многу гледал во него, била љубената личност. Ќе помисли, очигледно сум вљубен и ќе започне да испушта хемикалија која мозокот вообичаено ја лачи кога сме вљубени.

4. Не тргајте го погледот

Не барајте интересни работи во просторијата. Покажете му дека тој ве интересира повеќе од се во просторијата. Ако ви е непотребно да гледате цело време, побарајте го неговиот поглед кога ја завршува реченицата.

5. Зборувајте за она што го сакате

Кога зборувате за работи кои ги сакате, вашите зеници се шират како кога ќе ја видите личноста во која сте вљубени. Целото лице добива поубави црти и личноста зрачи. Што поретко разговарајте за работи кои ве мачат и кои не ви се допаѓаат. Секогаш концентрирајте се на она позитивното. Кога ја гледате личноста со која разговарате секогаш гледајте во она што вам најмногу ви се допаѓа на неа. Игнорирајте ги недостатоците.