Секс Анкета

Што се добива кога се прави секс анкета на 1000 жени? 950 одговори и 50 шамари!

Брада

rimg53% од испитаниците сакаат тродневна брада на машкото лице. “Тоа на машките им дава мажествен и заштитнички изглед”, вели 21 годишната Валентина. Сепак 46% од нив преферираат избричан “baby-face” изглед. Нормално тие што разбираат математика многу лесно ќе израчунат дека само 1% од жените сакаат мажи со брада (група во која најчесто спаѓаат професори по математика).

Разбивање на мит: Жените се палат на добра кола. НЕТОЧНО!

52% од анкетираните дами изјавија дека мажите не треба да поседуваат ликсузен автомобил за да ги освојат нивните срца. “Добра кола еднакво на мал ‘алат’”, вели Маја (22), а останатие жени потполно се согласуваат со неа. 

Коса

74% од девојките сакаат мажот да изгледа како штотуку излезен од фризерски салон, повеќето се согласуваат дека најдобра фризура е онаа која се опишува како “кратка и разбушавена”. 14% од анкетираните преферираат коса која достига до рамената или подолга. Мало изненадување е тоа дека дури 12% од нив се определиле за мажи истрижани на “нуларица” или пак природно ќелави.

Разбивање на мит: Хуморот секогаш го победува изгледот. ТОЧНО!

75% припаднички на понежниот пол мислат дека смислата за хумор е многу поважна од добриот изглед. Така да не не чуди дека и Bеnny Hill вртеше супермодели околу малиот прст.

Лосион за после бричење

“Користењето на ефтин лосион за после бричење за да се прикрие сопствениот мирис воопшто не е паметна идеја”, вели Ана. 80% од жените мислат дека добрата колонска вода може да пресуди дали ќе ги поведе во кревет или ќе си оди дома со повенато лице, додека 20% од нив мислат дека на денешните мажи доволно им е и само обично туширање, за да ги придобијат, во најмала рака, нивните симпатии.

Прв чекор

77% од анкетираните сакаат машките да им пријдат додека тие седат во кафуле. Но... 23% од нив повеќе би сакале да го направат тоа самите додека се опкружени со нивните пријателки. Супер! Што повеќе би сакале?

Влакна

“Дури и мало потскратување прави вашиот ‘алат’ да изгледа поголем”, Елена (20). 73% од жените им препорачуваат на мажите да ги средат нивните влакната околу препоните, пред тоа да почне да личи на шума.  Исто така важно е и тоа дека 27% од нив сепак изјавија дека “шумата” таму долу е она за која тие копнеат.

Шокантно

69% од спротивниот пол мисли дека е сосема во ред ако живеете со вашите родители но под услов вашата мајка да не ве слуша додека вие ги правите “оние работи”. Во тој случај, вашиот сексуален живот би завршил во истиот момент.