Кариерата на Тоше продолжува
Енди Рајт, британски музичар и продуцент, кој досега компонирал песни за многу светски sвезди, дојде во Хрватска за да се договори околу промоцијата на албумот на Тоше Проески, кој го снимаа на англиски јазик, за светскиот музички пазар, пренесува хрватска "Глорија".
- Во Дубровник дојдов затоа што тоа му го ветив на Тоше Проески пред две години на Јамајка. За жал, не се сретнавме во овој прекрасен град за да се договориме околу неговиот албум за странскиот пазар, како што тогаш планиравме, но морав да го одржам ветувањето и дојдов во август, со сниман албум и предлози за друг албум, иако знам дека тој никогаш нема да биде сниман-вели 46 годишниот Енди Рајт, познат британски композитор и музички продуцент кој во својата кариера создавал песни и за Бритни Спирс, Симпли Ред, Лучијано Павароти и Андреа Бочели, а пред две години ја превзема грижата и за Тоше Проески.
"Тоше прв пат го слушнав во април 2006 во Лондон. Не запозна британскиот композитор и продуцент Брајан Тајлер. Се сретнавме во студиото "Метрополис", во кое подоцна беа снимани песните за албумот со кој Тоше требаше да ја започне интернационалната кариера. Прекрасно пееше, одлично изгледаше и не можев да верувам дека тој млад човек нема мана. Тајлер, кој беше менаџер на Тоше за светскиот музички пазар, не поврза нас двајца во куќата на татко му на Јамајка, за да можеме во мир да создаваме песни и да се обидеме да ја оствариме соработката", вели Енди Рајт во екслузивното интервју за хрватскиот магазин "Глорија". Со Тоше на Јамајка отпатувале и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ и продуцентот Ласто Николовски.
"Одседнавме во преубавата вила во која имаше и студио. Се беше светло, бело, погледот од вилата беше прекрасен и навистина не беше потребно многу за инспирација", вели Енди Рајт. Тој раскажува дека со Тоше ќе ја земеле гитарата и клавирот уште пред доручекот и во "ист тон", продолжувале цел ден. Нивната тропска соработка резултирала со четири песни "Убава за мене" , "Лизгање" "По различни патишта" и "Засекогаш" -за кои и двајцата ја потпишуваат музиката и стиховите и кои на крај со останатите песни од албумот се снимани во Лондонското студио "Метрополис".
Единствено песната "Арија" дуетот со Џана Нини е снимана во студиото "Олимпик", каде своите хитови снимале и Џими Хендрикс, Лед Зепелин и Ролинг Стоунси. А песната "Најтешкото нешто" е снимана во Ирска, а за Тоше ја напиша познатиот компзитор Вејн Хектор.
Рајт предлага новиот албум на Тоше да се вика" Засекогаш завршен ден", според песната "Форевер", која заедно ја напишаа, а симболично зборува и за денот кој засекогаш заврши, додека Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше би сакала албумот да се вика "Најтешкото нешто" , според првата песна од албумот која е пуштена во јавноста. Но конечната одлука ќе ја донесе семејството на Тоше. Албумот ќе го издадат сите дискографски куќи во Македонија, Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора, а промоцијата е планирана за во септември на Градскиот стадион во Скопје. Воедно ќе биде промовиран и документарен филм, кој е сниман последните две години.
Промоцијата на новиот албум на англиски јазик се најавува во септември на Градскиот стадион во Скопјe.
Напишано од: Вест
Објавено: 22 авг 2008 10:59
Оваа вест е прочитана 2368 пати




![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)