Тајната на пијалоците
Pampero Blanco
Се добива со помош на дестилација на сокот од шекерната трска. После дестилацијата Pampero Blanco (светлиот Рум) се остава алкохолот да се стабилизира потоа се полни. Пронајден е во XV век и е еден од најстарите алкохоли на светот. Најчесто се конзумира во комбинација со Coca-Cola.
Campari
Еден од најпознатите ликери на светот, за првпат произведен во 1861г. во Милано. Кристално црвена боја и вкус кој се добива со комбинација од 68 различни треви и зачини.
Bacardi Black
“Темниот Рум” е најчесто мешавина од различни врсти на рум пијалоци со додаток на карамела кој има најјака арома. Се конзумира чисто или се меша со коктел.
Vermouth (Martini)
Популарниот аператив спаѓа во групата на ароматизирани полуслатки вина. Лоша страна е тоа што трае само шест месеци.
Cognac (Hennessy VS)
Вински дестилат од областа Cognac – Франција. Се произведува со традиционален метод од XVII век. Виното два пати се дестилира во специјални казани. Може да има старосна ознака : VS(мин. 3 год.), VSOP(мин. 4 год.) и XO(мин. 5 год.) Пијалок за прави хедонисти, а велат дека феноменално се вклопува со арома на добра кубанска цигара.
Bourbon (Four roses)
Познато Америчко виски, се дестилира од жито и пченка (51%) така што мора да одлежи најмалку две години во буриња...
Tennessee whiskey (Jack Daniel’s)
Приближно сличен на Bourbon во процесот на производство, со тоа што после одлежување во буриња се цеди низ слоеви од јаворов јаглен со што добива посебен шмек. Накратко - Ултимативен rock'n'roll пијалок.
Absint
Аромата на овој ликер ја дава “anis” како и други треви и зачини. Долго време е забрануван поради токсичната состојка (корен пелина) и нормално поради халуциногеното дејство. Одличен додаток на многуте коктели.
Vodka (Smirnoff)
Овој пијалок се добива од етил - алкохол (добиено со обработка на овошје). Традиционално се сервира во чаша до -10 степени, состојката е најзастапена во коктелите.




![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)