Како да изгледате привлечно и во зима

Како да изгледате привлечно и во зимаЛаден ветер, студ, топли џемпери, мирис на снег во воздухот... Есента пристигна, зимата е на прагот. Следните месеци ќе ве одморат од летните горештини, но треба да се подготвите за новата сезона и убавина.

Овој период го најавува големиот број на прослави, а со тоа и возбудливи можности да се облечете во најсвечени ткаенини и накит. Негативните аспекти на студеното време се, секако, иритациите, како што се сувата кожа, испуканите усни и разлетаната коса... Ви нудиме единствени совети како успешно да се соолите со проблемите и како да блеснете со сиот сјај и во зима.

Чистење

Како да изгледате привлечно и во зимаДали производите со кои ја чистите кожата се погодни за оваа сезона? Еве како ќе проверите:

Исчистете ја кожата како и обично, откако ќе нанесете тоник или хидратантен крем, почекајте 5 минути. Ако по ова време вашата кожа под прстите е мека и пријатна, не се затегнува, употребувајте го овој производ без да се плашите. Но ако вашата кожа е малку затегната и сува, време е да купите некое поблаго сретство за чистење. Промената не мора да биде радикална. На пример, наместо пена за нормална кожа, можеби сосема во ред ќе биде ако преминете на пена за сува кожа.

Хидратација

Дехидрираната кожа има неколку симптоми. Еден од најчестите е тоа што вашата кожа преку ден многу свети, а не е мрсна. Колку и да ставите пудра на лицето, сјајот едноставно нема да го сокрие.
Втор начин да провери дали на вашата кожа и е неопходна дополнителна влага е нежно да ја подигнете нагоре. Ако ад вашите прсти се појават сребрени линии, кожата бара влага. Многумина од нас реагираат на тој начин што веднаш ќе преминат на посилен, хранлив крем, но ефектот може да биде и негативен. Постојат два вида на сува кожа: недостиг на влага (дехидратација) и недостиг на мрснотии. Во есен и зима моќеби ви е потребен крем со поголема мрснотија, но сепакпрво што треба да направите е да ја наполните кожата со резерви од вода.

Кога водата не е доволна

Како да изгледате привлечно и во зимаКога студот ќе го достигне својот врв, може да се случи на кожата, освен што е дехидрирана, да и недостигаат и мрснотии. Дали ќе биде неопходно да преминете на посилен крем?
Не, постојат и други опции. Еднаш дневно нанесете многу мало количество бадемово или неко слично благо масло, пред да го нанесете вообичаениот крем.
Есенцијалните масла (секако стопроцентно природни, а не парфемски) сосема ефикасно служат за повлекување на хранливите состојки од кремот што го употребувате, навлегуваат подлабоко во кожата. Овие масла за неколку секунди исчезнуваат без трага и не даваат мрсен сјај. Тие му даваат само хранлива вредност на вашиот крем. Исто така се употребуваат за лечење на специфични состојби на кожата, како што се недостаток на еластичност и цврстина, претераното производство на мрснотии, девитализација...
Секако, за изборот на масла треба да се обратите кај квалификуван експерт, бидејчи нестручната употреба може да ја зголеми високата концентрација на овие масла што, пак, може да доведе до сериозни компликации.

Испукани усни

Навлажнете ги усните со вода и со нежна четка за заби благо истријте ги. Потоа нанесете тенок слој на вазелин измешан со малку мед. Оставете ја смесата на усните 10 минути, а потоа исплакнете ги со млака вода. Доколку го имате тој проблем, слободно намачкајте ги со чист глицерин и веднаш ќе ви биде полесно. Важно е секогаш со себе да имате некој стик за усни, така што ќе можете веднаш да реагирате ако почуствувате непријатно затегање и сувост на усните.

Црвен нос

Ако поради вашата настинка, како последица од честото бришење, коќата околу носот ви е црвена, нанесете малку течен коректор и внимателно тапкајте го за да го ублажите црвенилото. По коректорот нанесете малку пудра и никој нема да забележи дека носот ви е црвен.