MTV Europe Music Awards 2008
Вчера во Ливерпул по 14-ти пат беа доделени MTV европски музички награди. Доделувањето на наградите во живо го следеа оклу 10.000 луѓе, додека пред малите екрани имаше преку 30 милиони гледачи од цела Европа.
Церемонијата ја отвори Кејти Пери која се најде во улога на водителка. Таа го изведе во живо својот хит "I Kissed a Girl", но како и повеќето нејзини колешки, покажа дека пеењето во живо не и е силна страна. Водителството и одеше подобро, посебно кога јаваше на бананата, а и кога "случајно" ги откри своите гаќички.
Доделувањето на наградите започна со изненадување, каде што наградата за најзаразна песна ја освои Пинк со "So What?". Меѓутоа во конкуренција за наградата беа и многу повеќе "заразните" "I Kissed a Girl", "All Summer Long" и "Mercy".
За најдобра концертна група беа прогласени младите ѕвезди Tokio Hotel кои својата популарност и ја должат токму на MTV. Бендот 30 Seconds to Mars беа прогласени за "најжешки" изведувачи и најголеми видео ѕвезди.
Крег Дејвид ја додели наградата за најдобар албум која оваа година ја доби Бритни Спирс со "Blackout". Треба да се спомне дека добитниците ги бира публиката со своите гласови преку интернет.
Канје Вест пак е избран за најдобар урбан изведувач според гласовите на публиката.
Признанието за животно дело Боно Вокс му го додели на Пол Макартни.
Дафи го доживеа најголемото разочарување, која не освои ниту една награда, иако беше номинирана во повеќе категории. Публиката на MTV очигледно повеќе ги цени песните на Кејти Пери и Бритни Спирс.




![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)