Потрага по македонски диџеи
Издавачката куќа Логос рекордингс е во потрага по снимки од македонски диџеи, кои ќе бидат објавени во компилација што подоцна ќе се најде на светскиот пазар. Конкурсот е отворен за сите продуценти и диџеи што создаваат електронска музика: техно, хаус, електро и експериментал. Компилацијата од песните ќе се продава во сите светски дигитални продавници како што се Juno, BeatPort, MixMag, WhatPeoplePlay, Amazon, Тјун и Trust The DJ. Логос рекордингс за своето едногодишно постоење успеа да објави 11 изданија од светски познати музичари. Компилацијата Логос волуме 1 беше оценета со десетка од реномираниот француски диџеј Laurent Garnier.
- Продолжуваме со соработката со веќе докажаните светски артисти што сакаат да ги презентираат своите достигања во различните музички жанрови како и со заложбата за презентација на наши диџеи во странство - вели Самоил Радински, нашиот реномиран диџеј и сопственикот на Логос рекордингс.
Заинтересираните може да испраќаат демо-снимки најдоцна до 1 мај 2009 година на мејлот logos.competition@gmail.com или на адресата:
бул. Партизански Одреди 21-1/7 1000 Скопје




![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)