Nokia N97

Nokia го престави својот нов мобилен телефон со кој на пазарот ќе може достојно да се натпреварува со конкурентите, iPhone, Google G1 и BlackBerry Storm. N97 е најавен како најмоќниот мобилен на светот, затоа што ги комбинира екранот на допир од iPhone, и целосната тастатура како кај BlackBerry.

Nokia N97

Овој модел работи на Symbian S60 OS, има QWERTY тастатура на извлекување и 3.5 инчен екран со резолуција 360 x 40 пиксели. Освен добриот екран и тастатура, тука е интегрираната меморија од неверојатни 32GB, слотот за microSD картица со капацитет од 16GB, потоа дигиталната камера со резолуција од 5 мегапиксели, WiFi, поддршката за 3G, Nokia Maps апликација со дигитален компас, акцелерометар за автоматска ротација на екранот, како и сензор за автоматско исклучување на екранот за време на повиците.

Nokia N97

Ова се само дел од импресивните карактеристики на овој модел од Nokia кој ќе се најде во продажба од вториот квартал на 2009 година, по цена од околу 550 евра.