Како до рамен стомак
Намалувањето и зацврстувањето на стомакот е можеби најнапорната физичка активност: стомачните вежби се ефикасни, но многу напорни и не секогаш доволни. Затоа, обидете се да внесете неколку едноставни измени во начинот на исхраната. Во продолжение следуваат десетте намирници кои морате да ги додадете во својата исхрана доколку мислите да промените нешто во врска со вашиот стомак.
Јогурт без млечни масти
Научниците од еден универзитет заклучиле дека испитаниците кои секој ден пиеле по три чаши јогурт без млечни масти изгубиле 22% телесна тежина и 61% телесни масти повеќе од луѓето кои што не го пиеле овој пијалок. Исто така, испитаниците изгубиле и 81% повеќе масти од стомакот од оние кои не пиеле јогурт. Се претпоставува дека за ова значајно губење на тежината се одговорни калциумот и протеините во јогуртот.
Протеински пијалок
Протеинските пијалоци не се само за билдерите во теретаните. Два вакви пијалока дневно го покачува вашиот потенцијал за согорување масти. Едно истражување во универзитет во Торонто покажало дека оние кои што пиеле протеински пијалоци, 2 часа после појадокот имале 200 калории помалку од оние кои не пиеле. Пијалокот, исто така, ја зголемува мускулната маса за 8% и ја намалува телесната маснотија за 3%.
Продолжува...




![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)