Ако престанам да пушам...
Не постои прав начин за откажување, но постојат некои клучни елементи во успешното откажување од пушење. Еве неколку чекори до успешно откажување од цигари. Придржувајте се на овие препораки:
- Планирајте го вашето откажување од цигари. Одберете го денот кога ќе прекинете, и исфрлете ги сите цигари од куќата ноќта пред тоа.
- Информирајте ги другите членови на фамилијата, како и своите пријатели дека имате намера да прекинете со пушење. Испланирајте како да постапите за да ги ублажите кризите на глад за цигари, кои секако ќе ги чувствувате во првите неколку дена.
- Треба да знаете дека секоја криза трае околу 3-5 минути, и ако успеете да не посегнете по цигара, овие кризи ќе се изгубат.
- За време на кризите т.е. за ургентната потреба за цигара помага ако дишите длабоко, тоа го преокупира вашеѕто внимасние и да не мислите на цигарите. Пијте големи количини вода, тоа ќе ве освежи и ќе ве ангажира, додека не помине кризата. Направете нешто друго, што ќе ви го сврти вниманието и ќе ве држи подалеку од цигарите, но избегнувајте да јадете, бидејќи тоа носи други ризици. Држете се подалеку од други пушачи и од места каде се пуши (кафеани, пабови, барови и клубови). Често пати луѓето потешко се откажуваат од цигари ако пијат алкохол.
- Избегнувајте ја навиката која ве наведува на пушење. На пример отидете на прошетка, или бидете на места каде не можете да пушите.
Еве што ќе се случи во вашиот организам ако решите да се откажете од пушење
- По 20 минути вашиот крвен притисок ќе дојде во нормала.
- По 8 часови нивото на јаглероден диоксид во крвта ќе се намали за половина, а нивото на кислородот ќе се врати во нормала.
- По 48 часа целиот никотин ќе го напушти вашето тело. Вашиот осет за вкус и мирис ќе се врати во нормала.
- По 72 часа вашите дишни патишта ќе се релаксираат и енергетските нивоа ќе се зголемат.
- По 2 недели циркулацијата ќе се зголеми и ќе продолжи да расте во наредните 10 недели.
- По 3-9 месеци кашлањето и искажлувањето ќе се смират, а капацитетот на вашите бели дробови ќе се зголеми за 10%.
- По 1 година ризикот да добиете срцев напад ќе се намали за половина.
- По 5 години ризикот да добиете срцев удар ќе се изедначи со оној на непушачите.
- По 10 години ризикот да добиете рак на белите дробови ќе се изедначи со оној на непушачите.











![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)
![[OUT] Comunalec](/photos/baneri/comunalec.jpg)
лесно е да са напише само, ама ај проби да вијш как е без цигар
