U2 со нов албум во Март
Ирската рок група U2 на почетокот на март идната година ќе го објави својот нов албум „No Line On The Horizon“, соопшти нивната издавчка куќа. Дванаесетиот студиски албум на четворицата музичари беше очекуван за крајот на оваа година, но бендот во септември излезе со соопштение дека би сакал да поработи на уште песни.
Компанијата „Интерскоп рекордс“ албумот „No Line On The Horizon“ ќе го пушти во продажба на 2-ри март, за еден ден подоцна да биде пуштен и во Северна Америка.
Последниот албум „How To Dismantle An Atomic Bomb“ кој што излезе во 2004 година беше продаден во повеќе од девет милиони примероци, награден со осум Греми награди и е еден од најдобро оценетите рок албуми во историјата.




![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)