Запомни ме

Регистрирај се

Промоција на албумот на Тоше Проески

Тоше ПроескиДенеска, точно на 28-от роденден на прерано починатата македонска поп икона Тоше Проески ќе се изврши промоција на новиот албум на англиски јазик “The Hardest Thing“, што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје.

Албумот ќе се појави со првичен тираж од 150.000 примероци, а ќе може да се купи во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Покрај насловната “The Hardest Thing“, промовирана минатата година на Хрватскиот  радиски фестивал, „Арија“ – дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини и дуетот со неговиот внук Кристијан (My Little One), што беше промовиран на концертот за Тоше во Скопје,  албумот ќе содржи и други песни непознати за јавноста. Тие се снимени  во Лондон, Јамајка и Ирска, во соработка со англискиот композитор Енди Рајт и требаше на Тоше да му ги отворат вратите на светската кариера. Албумот во наредната седмица ќе биде промовиран и во Белград, Загреб и Сараево.

Исто така, денеска ќе се промовира и документарен филм за Тоше Проески, кој во киносалите ќе може да се погледне од 12 февруари.

Ова се две песни од новиот албум:

Tose Proeski - Guilty
Tose Proeski - Don't Hurt The Ones You Love

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
Нема коментари.