Opel Ampera 2011

General Моторс го искористи отварањето на Geneva Motor Show оваа година да го претстави концептот на седан со средна големина наречен Ampera која е надградба на Chevy Volt.

Opel Ampera

Овој автомобил што користи електрична енергија на погон од батерија може да патува до 64 km и над тоа се префрла на бензин. Техниката е во тоа што додека е на бензин батеријата се полни и кога ќе се наполни пак се префрла на струја. Со тоа Opel ќе биде првиот европски произведувач на автомобили што ќе им пружи на потрошувачите неколку стотици километри извозени со погон на струја.

Opel Ampera

Револуционерната технологија за електричен погон на General Motors наречена Voltec Propulsion System работи на различен начин од другите електрични системи во автомобили. До 60 km Ampera-та ќе биде придвижувана само на Lithium-ion батерија со стандарден напон од 230 V. А за подолги патувања ќе продолжи да користи електрична енергија од мал внатрешен ел. мотор, но со погон на бензин. Ваквиот развој на работите само може да помогне во целосно преминување на серии возила со погон на електрична енергија. Исто така најинтересното што можете да ја закачите на обичен домашен штекер и да чекате да се наполни.

Opel Ampera

Но најако е тоа што оваа кола изгледа фантастично. Сето ова горе наведеното само може да помогне да ја подобриме сликата за неа. Освен седан ќе се произведува и скратена верзија, а не се очекува дека ќе биде премногу скапа.