10 знаци дека тој можеби ве изневерува

За да се биде неверен е потребно многу енергија и внимателност. Самото лажење е преморувачки процес за кој треба да се поседува извонредна меморија. 10 знаци дека тој можеби ве изневеруваПритисокот од водењето двоен живот неизбежно води малите траги да се претворат во докази за чудното однесување.

Вината прави луѓето да се однесуваат чудно. Некои мажи постајно посакуваат да бидат фатени поради тоа што немаат храброст самите да признаат дека се неверни. Ако се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува еве неколку работи на кои треба да обрнете внимание: 

Почнува да се интересира за мода

Еден ден мисли дека Prada е марка на кола од Источна Европа, а наредниот многу добро знае што е Prada, а што Versace. Нова модерна фризура и сосема нова гардероба можат да бидат знаци дека тој се интересира за друга жена.

Таинствен е со неговиот мобилен или e-mail

Изгледа дека секогаш кога ке влезете во собата тој го затвора прозорецот на неговиот компјутер и за неговиот мобилен наеднаш е потребен пин-код. Ако откриете дека има втор мобилен телефон, внимавајте. Ако беше за работа, сигурно ќе го спомнеше нели?

Продолжува...