Како да ја направите вашата врска поинтересна

Како да ја направите вашата врска поинтереснаАко сакате да ја направите вашата врска поинтересна, вие сте кандидат за жешка моногамија. Веќе не е потребно да изневерувате за да добиете некои работи, доволно е да испробате некои од следниве предлози:
 

Телефон

Јавете му се на партнерот неочекувано за да му кажете дека го сакате. Ако разговорот заврши во секс преку телефон осигурајте се дека ниеден од вас не користи звучник.

Соблечете се

Лежете еден до друг, голи, гледајќи се еден со друг. Напредувајте со нежни допири. Видете колку долго можете да издржите пред да почнете со нешто друго (не се мисли на спиење).

Хранете се

Храната може да биде многу сензуална. Одете некаде на пикник во природа. Ако на менито има нешто повеќе од храна, обидете се местото да не биде премногу јавно бидејќи можете да завршите со парична казна.

Сензуални мириси

Потрудете се да наоѓате нови начини за да го подобрите и продолжите водењето љубов, миризливите свеќи секогаш се добар почеток.

Г-дин и Г-ѓа Непознати

Резервирајте соба во хотел под друго име и појавете се во несекојдневна секси облека.

 

Продолжува... Како да ја направите вашата врска поинтересна 2